AMD оствари значаен успех со своjата Ryzen серија процесори, која константно еволуира и остварува раст. Тоа и овозможи на компанијата сега да држи 50 проценти од продажбата на премиум процесори на глобално ниво.
Intel веќе 10 тримесечје по ред го губи својот пазарен удел, додека Извршната директорка на AMD, Лиза Су во најновиот финансиски извештај истакна дека AMD врши притисок на Intel веќе 30 месеци едноподруго. Таа додаде и дека AMD сега има „повеќе од 50 проценти продажба кај бројните глобални продавачи“.
AMD неодамна објави рекордни приходи за првото тримесечје на 2020. година, во износ од 1,79 милијарди долари, што претставува значаен скок од 40% во однос на истиот квартал лани.
Компанијата сега почна повеќе да инвестира и во премиум пазарот на лаптопи, со објавата
на Ryzen Mobile 4000 серијата процесори, што на AMD ќе му овозможи да ја одржи силната продажба на годишно ниво. Се очекува и објава на RDNA 2 GP графички картички и Zen 3 процесори во блиска иднина.