Philips претстави три нови монитори во рамките на својата нова линија, а новите модели воглавно ги раздвојува големината на екранот. Останатите карактеристики во најголема мера се идентични за трите модели.
Philips 275B1 има дијагонала на екранот од 27 инчи и QHD (2560 x 1440p) резолуција. Моделот 245B1 има QHD дисплеј од 24 инчи, додека 242B1 има иста дијагонала на дисплејот, но во 1080p резолуција.
Остатокот од спецификациите на трите монитори вклучуваат IPS панели со Flicker-Free технологија, LowBlue Mode за намалување на заморувањето на очите и режимот за полесно читање (Easy Read). Philips Power Sensor, кој го намалува осветлувањето на екранот во отсуство на корисникот, е достапен на сите три модели. Сите модели имаат и вградени звучници.
Од конекторите се присутни DisplayPort 1.2, HDMI 1.4, USB 3.2 и HDCP. Што се однесува до цените, Philips 245B1 ќе чини 199 фунти, додека Philips 242B1 и Philips 275B1 мониторите ќе бидат достапни од месец јуни по цени од 173 и 269 фунти.