Д-р Џејмс Гил, кој лекувал неколку пациенти од коронавирус, рекол дека оние кои имале најтежок облик на болеста можеби мораат повторно да научат да одат, пренесува „Mirror“.
Овој лекар укажал на долгорочно дејство на вирусот, кое може да предизвика неопходни третмани со физикална терапија кај пациентите после закрепнувањето.
„10 дена откако ви била потребна помош при дишење, веројатно со респиратори, не може да се каже дека сте ја победиле болеста и сега може нормално да функционирате. На овие пациенти им е потребна дополнителна грижа, нутриционисти кои ќе ги натераат добро да се хранат и физиотерапевти кои ќе им помогнат повторно да се ‘кренат’“, објаснил Гил.
Тој закрепнувањето од коронавирусот го споредил со закрепнување од трчање на полумаратон додека лежите во болница.
„Поминувањето низ најтешкиот облик на коронавирус има ист ефект врз вашето тело како секојдневно да трчате полумаратон за време на престој во болница. Тоа е интензивен напад на телото. Процесот на закрепнување зависи од вашата возраст, нивото на кондиција… Некои од замор ќе паднат, и можеби ќе треба повторно да научат да одат“, објаснил д-р Гил.
Поврзани артикли