Влијанието на Ковид-19 пандемијата на продажбата на паметни телефони беше огромен, а аналитичарите на пазарот истакнуваат дека глобалната испорака имала пад од неколку милиони во текот на последните месеци.
Quarterly Mobile Phone на компанијата IDC истакнува дека е забележан најголем годишен пад на сите времиња и тоа од 11,7 проценти. Аналитичката компанија Canalys сугерира дека глобалниот пад во текот на првиот квартал изнесувал 13 проценти во однос на претходната година, додека Strategy Analytics анализата покажува пад од дури 17 проценти.
Strategy Analytics истакнува дека глобалниот пазарен удел на Samsung е стабилен на над 21 проценти и дека јужнокорејската компанија останува водечки смартфон бренд. Samsung го следат Huawei и Apple, но сите три производители забележаа пад на продажбата во текот на првото тримесечје од 2020. година. Компаниите кои имаат раст или рамен период се Xiaomi и Vivo, а се благодарение на силната продажба на индискиот пазар.
Поврзани артикли