Xiaomi денеска одржа глобална презентација на Redmi Note 9 серијата телефони, а првиот модел кој е претставен е Redmi Note 9 Pro.
Redmi Note 9 Pro го карактеризира DotDisplay, со FHD+ резолуција и Corning Gorilla Glass 5 заштита. Во punch-hole отворот е сместена 16MP селфи камера, која може да снима slow-mo видео.
На задната страна на уредот се наоѓаат четири камери, вклучувајќи го 64MP главен сензор, 8MP ултраширок сензор, 5MP макро и 2MP сензор на длабочина. Сензорот за отпечаток од прст е сместен од страна на рамките.
Телефонот го покренува 8nm Qualcomm Snapdragon 720G чипсет, со Adreno 618 GPU. Батеријата е со капацитет 5020mAh, со поддршка за 30W брзо полнење. Покрај тоа, тука се и IR бластер, 3.5mm приклучок за слушалки, NFC поддршка.
Redmi Note 9 Pro ќе биде достапен во две конфигурации: 6GB RAM и 64GB простор за складирање, по цена од 260 долари, односно 6GB RAM + 128GB складирање по цена од 299 долари. Достапни се три бои: Tropical Green, Glacier White и Interstellar Grey.