Долгорочната цел на Samsung е да претстави 600MP сензор за камери, кој максимално ќе го имитира човечкото око. Но, компанијата краткорочно се фокусира и на развој на сензор од 250 мегапиксели.
Според најновиот извештај, кој пристигнува од извори блиски на плановите на компанијата, Samsung работи на 250MP сензор кој би можел да има дијагонала од еден инч. Само за споредба, 108MP сензор на Galaxy S20 Ultra модел има 1/1.33″ големина.
Истиот извештај споменува дека Samsung завршил со истражување и развој на својот 150MP сензор, кој ќе во видиме на уредите кои ќе бидат објавени во текот на втората половина од оваа година.