Samsung го подготвува наследникот на Galaxy Fold флексибилниот телефон, кој ќе биде нешто поевтин и многу подобар. Рос Јанг од Display Supply Chain Consultants објави неколку информации за претстојниот уред, вклучувајќи ја и цената.
Новиот Galaxy Fold 2 би требало да чини помеѓу 1780 и 1880 dolara, во споредба со првиот модел кој чинеше 1980 долари. Јанг истакнува дека Galaxy Fold 2 ќе биде претставен со новата Galaxy Note серија во август, додека испораката се очекува во текот на септември.
Новиот флексибилен дисплеј ќе го поддржува S Pen паметното пенкалце. Главниот екран ќе има големина од 7,59 инчи, резолуција од 1689 x 2213 пиксели, ќе биде покриен со Ultra Thin Glass staklom како и Galaxy Z Flip и ќе има освежување од 120Hz.
Главната камера на задната страна ќе биде надградена на 64MP, а тука ќе бидат и 12MP и 16MP сензори. Galaxy Fold 2 ќе поддржува и 5G конекција, додека просторот за складирање ќе изнесува 256GB.
Поврзани артикли