Honor X10 серијата дури овие денови почна прв пат да се споменува, а сега имаме прилика да дознаеме повеќе детали за првиот член на оваа линија смартфони – Honor X10.
Благодарение на сертификатите од MIIT и TENAA агенциите, имаме информации за спецификациите, но и фотографии од Honor X10 моделот.
Honor X10 користи Kirin 820 5G чипсер, има 6.63-инчен IPS LCD екран со резолуција 2400 x 1080p. На задната страна се наоѓа систем со четири камери, но не се познати спецификациите на сензорот. Батеријата со капацитет 4200mAh, има поддршка за 22.5W полнење.
Како што сугерира чипсетот на телефонот, Honor X10 пристигнува со поддршка за 5G мрежата од следната генерација. Телефонот е наследник на Honor 9X моделот и се очекува да се продава по слична цена.
Поврзани артикли