Њујоршките научници го истражија обемот на вакцинирање на населението во 28 земји и ја проучија поврзаноста на вакцинирањето на децата против туберкулоза со поголемата или помалата смртност од Ковид-19.
Научниците од Одделот за биомедицинска наука при Технолошкиот институт во Њујорк изработија епидемиолошка студија во која пронајдоа поврзаност на вакцинацијата со вакцината “BCG” (кај нас попозната како „Бесеже вакцина“) и намалувањето на смртноста од новиот коронавирус.
Во врска со најновата студија проговори угледниот професор по биохемија и директор на Институтот “IBC2” на Гете Универзитетот во Франкфурт, Иван Ѓикиќ.
„Станува збор за добро спроведена студија од теориска природа која ги спроведува претходните наоди за вакцинирање против туберкулоза со сегашните податоци за проширеноста на Ковид-19. Посебно интересни се податоците за земјите кои не спроведуваа вакцинирање со бесеже, како Италија, Шпанија и САД, а каде што имаше брзо ширење и голем морталитет, за разлика од Јапонија и Данска каде имаше универзално вакцинирање против туберкулоза во 50-тите години од минатиот век. Нивните жители имаат позитивна корелација со помал морталитет и морбидитет“, изјави Ѓикиќ.
Another good news ! https://t.co/sWd985wvOK.
Correlation between universal BCG vaccination policy and reduced morbidity and mortality for COVID-19: an epidemiological study
Aaron Miller, Mac Josh Reandelar, Kimberly Fasciglione, Violeta Roumenova, Yan Li, and Gonzalo H. Otazu* pic.twitter.com/RW0408PTol— Dr. Giridhar R Babu (@epigiri) March 31, 2020
Вакцина стара стотина години
“BCG” (Bacillus Calmette-Guerin), вакцина против туберкулоза е стара стотина години, а првите бебиња биле вакцинирани во 1921-ва година. Познат е фактот дека таа вакцина досега во светот има спасено милиони животи!
Бесеже вакцината нуди широка заштита од респираторни инфекции, па њујоршките научници открија дека земјите каде што немало вакцинирање на населението со оваа вакцина, како Италија, Холандија или САД, се многу посериозно погодени од земјите кои имаат долготрајна политика на вакцинирање на населението со бесеже.
Научниците утврдија дека во земјите со поголем процент на вакцинација со бесеже вакцина има помал број на пријавени случаи на Ковид-19. Од тоа, тие извлекоа заклучок дека вакцинацијата со бесеже е „потенцијално ново средство“ во борбата против коронавирусот.
Што открива статистиката
Воочено е дека смртноста на постарата популација заразена со Ковид-19 е поголема во земјите кои го вовеле вакцинирањето со бесеже релативно неодамна, како на пример во Иран (1984-та година), земја во која се забележани 19,7 смртни случаи на милион жители.
Кога бројот на случаи со туберкулоза започнал да опаѓа, неколку високоразвиени европски земји од 1963-та до 2010-та година се откажаа од универзалната политика на вакцинирање на населението. Во Шпанија каде што населението било вакцинирано од 1965-та до 1981-ва година, стапката на смртност изнесува 29,5 на милион жители. Во Данска, каде што населението се вакцинира од 1946-та година, смртноста од Ковид-19 е десеткратно помала, односно 2,3 починати на милион жители.
Американските научници сметаат дека го пронашле одговорот на прашањето како Ковид-19 се проширил низ Кина, иако во земјата се вакцинира населението со бесеже од 50-тите години од минатиот век. Имено, како што велат тие, за време на Културната револуција од 1966-та до 1976-та година, таму биле распуштени агенциите за сузбивање и лекување од туберкулоза. Тоа предизвикало создавање на „базен“ на потенцијални жртви на пандемијата.
There is no evidence that the Bacille Calmette-Guérin vaccine (BCG) protects people against infection with #COVID19. Two clinical trials addressing this question are underway & WHO will evaluate the evidence when it is available. https://t.co/gWmsDKxFID
— World Health Organization (WHO) (@WHO) April 13, 2020
Како и да е, досегашните податоци сугерираат дека вакцината “BCG” значително ја намалува смртноста поврзана со Ковид-19. Што порано некои земји го вовеле вакцинирањето, така повеќе опаѓа бројот на починати на милион жители.
Се покажало дека вакцината бесеже нуди голема заштита од вирусни инфекции и сепса. Широката употреба во една популација би можело да го намали бројот на носители на вирусот, а во комбинација со други мерки би можела да делува за намалување на ширењето на Ковид-19, сметаат њујоршките научници.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли