Безбедноста е вградена во брендот на Volvo, а за ваша потполна заштита, обезбедивме нов начин да не посетите. Отсега клеинтите кои се заинтересирани за нов Volvo атвомобил, можат да направат обиколка на салонот, а притоа да бидат комплетно сигурни.
Со оглед на ситацијата која ја поминуваме во изминатиов период, ваквиот тип на претставување на автомобилите е и повеќе од добредојден. Оваа актуелност, веќе повеќе пати е применета од страна на големи светски брендови, а од сега е достапна и кај нас. Со пристапување на веб страната, клиентите ќе можат да направат избор на повеќе модели од актуелната гама на Volvo. Во виртуелната реланост се вклучени целата XC гама, како и S60, V60CC и V90CC. Покрај тоа што може визуално да го видите секој детал на автомобилот, низ него може да видите и неколку точки кои ја објаснуваат опремата која ја гледате.
До овој салон може да пристапите кога сакате и од каде сакате. Истиот е достапен 24 часа за клиентите кои се заинтересирани за нов Volvo автомобил. Се што треба да направите, е да ја посетите веб страната www.volvocars.mk.
Поврзани артикли