Вирологот Кристијан Дростен и неговите колеги од берлинскиот Универзитет Charité, укажале на одредени претходни заболувања кои што можат да водат кон имунитет против коронавирусот.
Тимот на научници под лидерство на вирологот Кристијан Дростен, дошле до заклучок дека луѓето кои што претходно боледувале од некои други видови на корона вируси, потенцијално можат да бидат имуни на актуелниот Ковид -19.
Дростен и неговите колеги, објасниле дека ги истражиле Т-ќелиите кај пациентите кои што веќе се излечени од коронавирусот и кај оние кои што не се инфицирани од истиот.
„Се изненадивме кога видовме дека кај 34 отсто од пациентите постојат реактивни Т-ќелии, иако никогаш не биле во контакт со SARS-CoV-2 вирусот“ – објаснил Дростен.
Како што вели тој, постои сличност и во структурата помеѓу четирите корона вируси, кои што веќе им беа познати на научниците од претходно, и новиот Ковид-19 кој што исто така спаѓа во групата на корона вирусите.
Во тој случај, како што објаснува тој, претходно заболување кое што било предизвикано од еден од четирите познати корона вируси кај луѓето би можело да биде објаснување за имунитетот кој некои луѓе го имаат во однос на актуелниот вирус.
Дростен исто така укажал на тоа дека ова е прва ‘забелешка’ во светот во врска со тоа и предупредил на пренагласената интерпретација на резултатите.
Исто така тој навел дека не смее да се исклучи можноста дека една третина од жителите се имуни на Ковид-19.
Тој смета дека објаснувањето за поблагите или пак асимптоматските пациенти би можело да се најде во фактот што на почетокот на епидемијата луѓето беа во помал број погодени од вирусот или пак дека имале подобра општа здравствена состојба.
Тој смета дека бројот на починатите луѓе нема да се менува и заклучува дека не треба да се очекува една едноставна научна информација да го промени текот на епидемијата или пак судбината на истата во светот.
Извор: Novosti.rs