Компанијата Nintendo ги слави финансиските извештаи за изминатиот период. Дефинитивно има за што да се радуваат и тоа во кризно време кое ја погоди целата планета. Продажбата на нивната најпопуларна конзола Nintendo Switch се зголеми повеќе од двојно за првиот квартал на оваа година, во однос на 2019. година.
По три години од лансирањето на конзолата Nintendo Switch, таа и понатаму е исклучително популарна. Во прилог на ова говорат и податоците дека во март оваа година е продадена во двојно поголем број отколку минатата година, иако сега е во тек епидемијата на коронавирус. Шо се однесува до останатите конзоли, и PlayStation 4 и Xbox One, исто така, забележиле раст од 25 проценти во однос на претходната година. Зголемената продажба на сите конзоли покажува дека луѓето во текот на епидемија и период на изолација повеќе се свртени кон видео игрите и другите видови забава додека се дома.
Во март е лансирана е играта Animal Crossing: New Horizons, која исто така придонесе за растот на продажба на оваа конзола. Таа беше најпродавана игра во март, а втора на листата на најпродавани оваа година. Засега нема прецизни податоци за тоа колку копии се продадени во САД. Тој број само може да се насетува, додека во Јапонија се знае дека во првите три дена од продажбата, таа била продадена во повеќе од 1,8 милиони физички примероци, а Switch е продаден во повеќе примероци отколку нивниот мегапопиуларен Nintendo Wii. Animal Crossing веројатно долгорочно ќе биде извор на приходи за Nintendo, со оглед на тоа дека ќе ја поддржува играта се додека им донесува приход.