Samsung на својот нов официјален блог навести дека почнал со подготовка на планови за производство на сензори за камери со резолуција од неверојатни 600 мегапиксели.
Јужнокорејскиот технолошки гигант е меѓу првите кои произведоа 108 MP ISOCELL камера која се појави на новиот Samsung Galaxy S20 Ultra.
Samsung развива нови планови за да спои голем број на мегапиксели во мали сензори. Компанијата се ослонува на Nonacell технологија која ја користи структурата од 3х3 пиксели.
Samsung наговести дека истражувачите на компанијата работат на сензори кои можат да регистрираат мирис или вкус. Од компанијата не открија детали како ќе го направат тоа.
Tech Radar пишува дека камерата од 600 MP на Samsung ќе биде наменета за смартфоните, но од компанијата очекуваат дека своите нови сензори ќе ги имплементираат на повеќе уреди.
Од Samsung изјавија дека и оваа година ќе продолжат со трендот на висококвалитетни камери.
Извор: Klix.ba