Три седмици по хоспитализацијата на пациентите кај кои заразата се тестирала по пат на брис од респираторните органи биле негативни на Ковид-19, додека пак примерокот од брисот од окото и понатаму бил слабо позитивен и по 27 дена од почетокот на хоспитализацијата.
Вирусот, SARS-CoV-2, кој е одговорен за пандемијата Ковид-19, активен е и во солзите на заразените пациенти, покажало истражувањето на Националниот Институт за Инфективни болести во Рим, а било објавено во списанието „Annals of Internal Medicine“.
Почнувајќи од брисот кој што бил земен од окото на заразените пациенти, кои што имале билатерал конјуктивитис, истражувачите успеале да го изолираат вирусот, покажувајќи дека тој може да се размножува, не само во респираторните органи туку и во окото, предизвикувајќи конјуктивитис.
Ова откритие има важна импликација за општото здравје, па резултатот до кој што дошле италијанските доктори проследен е и во СЗО.
„Ова истражување покажува дека очите не се само една од влезните врати за вирусот во телото, туку и потенцијален извор на заразата“ – коментирале од лабораторијата во Рим.
Откритието потврдило дека неопходно е да се обезбеди и заштитна опрема и средства за офтамолозите, за кои што досега се сметаше дека се релативно сигурни од ризикот на заразата со коронавирус.
Истражувањето исто така потврдило дека брисовите од окото можат да бидат позитивни на инфекцијата во случај доколку на примероците од респираторниот систем нема повеќе видливи траги од вирусот.
Експертите велат дека ќе биде потребно да се направат понатамошни испитувања за да се провери колку долго вирусот е активен во солзите на човекот и неговата потенцијална зараза.
„Ова е само уште еден дел од мозаикот кој што се обидуваме да го составиме и да ја откриеме комплицираната тајна на овој вирус“ – изјавила генералната директорка на Истражувачкиот центар, Марта Бранка.
Извор: Srbija Danas
Поврзани артикли