Најновите протечени информации кои се однесуваат на Galaxy Fold 2 флексибилниот телефон, откриваат доста детали за спецификациите на дисплејот. Според овие информации, Galaxy Fold 2 ќе има 7.59-инчен дисплеј кога е склопен, со резолуција од 2213 x 1689 пиксели и 372ppi. Покрај тоа, ќе има и стапка на освежување од 120Hz.
Кога е во прашање преедниот дисплеј, се очекува дека ќе има големина од 6,23 инчи со резолуција од 2267 x 819p. За разлика од главниот екран, овој дисплеј ќе има освежување од само 60Hz.
Спротивно на претходните гласини, се сугерира дека Samsung нема да користи селфи камера под екранот за Galaxy Fold 2, со оглед на тоа дека се уште не е подготвена. Наместо тоа, јужнокорејската компанија планира да користи punch-hole дизајн. Интересно е дека Samsung овој пат се одлучи да додаде поддршка за S-Pen во Galaxy Fold 2.
Galaxy Fold 2 Leaks
Main Display
•Size: 7.59”
•Resolution: 2213 x 1689
•DPI: 372
•Refresh Rate: 120Hz
•Backplane Technology: LTPO #Samsung #GalaxyFold #Foldable— Ross Young (@DSCCRoss) April 20, 2020
Galaxy Fold 2 ќе користи ултра-тенко стакло за својот примарен дисплеј, за заштитна пластична фолија. Се очекува дека Samsung ќе го претстави Galaxy Fold 2 во јули, заедно со Galaxy Note20 серијата телефони.
Поврзани артикли