Honor претходно оваа година веќе го потврди постоењето на Honor 9X Lite буџетскиот телефон. Сега уредот е официјализиран во Финска, каде ќе биде достапен по цена од 199 евра.
Honor 9X Lite има 6.5-инчен FHD+ LCD дисплеј, со засек во врвот каде што е сместена 16MP селфи камера и слушалки. На задната страна се наоѓаат две камери – главна од 48MP и 2MP сензор на длабочина. Сензорот за отпечаток од прст, исто така, се наоѓа на задната страна.
Телефонот го покренува осмојадрен Kirin 710 чипсет, во комбинација со 4GB RAM и 128GB простор за складирање. Ќе го напојува 3750mAh батерија со поддршка за 10W полнење.
Кога е во прашање софтверот, Honor 9X Lite ќе го користи EMUI 9, кој е заснован на Android Pie OS. Интересно е дека смартфонот пристигнува во Google Mobile Services (GMS) од самиот старт.
Поврзани артикли