Гласини од претходно сугерираа дека Apple во текот на 2020. година планира да претстави премиум 12,9-инчен iPad Pro со mini LED екран . Меѓутоа, новиот извештај на оваа тема споменува дека таблет уредот на Apple со ваков дисплеј нема да го видиме во текот на оваа година и дека објавата на уредот е поместена за 2021. година.
Извештајот не ја споменува причината за ова одложување, но се верува дека една од причините е прекинот во синџирот на снабдување на Apple, предизвикан од пандемијата на коронавирус. Оваа ситуација ги натера бројните компании привремено да го стопираат развојот на производи и услуги, а забавена е и испораката на делови и производството.
Од друга страна, Apple официјално не потврди ништо кога е во прашање iPad со mini LED екран, така што е тешко да се каже дали претходните информации се точни.
Поврзани артикли