Иако телескопот Kepler Space „замина во пензија“, мисијата и натаму трае, а експертите од вселенската агенција NASA неодамна меѓу податоците кои ги собрал телескопот, пронајдоа и информации за егзопланета која потсетува на планетата Земја.
Kepler остана без гориво во 2018. година, но експертите и понатаму го истражуваат сето она што забележа и откри додека ги набљудувал оддалечените планети надвор од нашиот соларен систем. Така се дошло и до егзопланетата која што го добила името Kepler-1649c, и која што од Земјата е оддалечена 300 светлосни години. Еспертите ја опишаа како „планета што е најблиска до Земјата по големина и проценета температура“, и е прва на списокот од неколку илјади досега откриени егзопланети. Планетата од својата ѕвезда е оддалечена доволно за да задржи вода на површината, што ја отвори приказната за „втора Земја“ која што чека да се стигне до неа.
Проблемот е во тоа што оваа планета кружи околу црвеното џуџе – ѕвезда која што според експертите има непредвидливо „однесување“, а истото може фатално да влијае за сите останати небесни тела, кои што се наоѓаат во нејзино опкружување. Остануваат уште многу податоци врз основа на кои може да се откријат други планети кои што личат на нашата планета, а најновото откритие им е најинтересно на оние што фантазираат за втората Земја и за ширењето на човештвото во вселената.
Извор: PC Press.rs
Поврзани артикли