Apple развива нова фунција, која е дизајнирана да го продолжи работниот век на батериите во MacBook лаптопите. Под името Battery Health Management, функцијата ќе биде дел од macOS Catalina 10.15.5 верзијата, која јавно ќе стане достапна подоцна во текот на годината.
Наместо да се фокусира на употреба на специфични апликации, новата функција ги испитува навиките на корисникот во текот на полнењето и нивоата на загревање батеријата, и врз основа на тие параметри прави суптилни измени. Кога ќе пристигне macOS 10.15.5, функцијата ќе биде достапна стандардно во оперативниот систем, а ќе може да се вклучува/исклучува во System Preferences менито на macOS Catalina.
Оперативниот систем iOS за мобилните уреди на Apple има слична функција, наречена Optimized Battery Charging.
Оние кои се во Developer beta програмата, веќе можат да го испробаат Battery Health Management. Опцијата е компатибилна со сите MacBook модели, кои имаат Thunderbolt 3 конекција.
Поврзани артикли