Motorola на 22. април ќе претстави два смартфона, а сега се појави фотографија на еден од моделите.
Од Motorola се очекуваат Motorola Edge и Motorola Edge Plus, а на Twitter е објавена фотографија од првио уред. Се очекува дека стандардниот Edge ќе му биде ривал на OnePlus 8.
PriceBaba i Ishan Agarwal објавија фотографија која го открива изгледот на задната страна на Motorole Edge, на кој во горниот лев агол се гледаат три камери, првата од 64, втората од 16 и третата од 8 MP, додека во дното веројатно се наоѓа ласерски автофокус.
Десно од камерите е LED блицот, а пониско логото на Motorola. Задниот панел е во бордо боја. Потоа се појави и фотографија од предната сттрана, на која селфи камерата е сместена во кружен засек на екранот позициониран во горниот лев агол.
Што се однесува до спецификациите, гласините откриваат дека Motorola Edge ќе има 6,67-инчен екран со резолуција 2.340×1.080 пиксели и фреквенција на освежување од 90HZ, 6 GB RAM, 128 GB интерна меморија, Qualcomm Snapdragon 765 процесор и батерија од 4.500 mAh.
Уредот ќе биде претставен на 22. април заедно со Plus моделот.
Поврзани артикли