Пред неколку дена, трите главни мобилни оператори во Кина одржаа онлајн прес-конференција на која заедно ја претставија новата опција – 5G пораки.
Според порталот Gizchina, 5G пораките ќе бидат надоградување на веќе постоечките SMS пораки.
За „обичните“ корисници, 5G пораките ќе значат укинување на ограничувањето во должината на пораките, како што е случај со SMS пораките.
Исто така, ќе бидат поддржани и неколку различни формати, како текст, фотографија, аудиозаписи, емотикони и контакти. Ќе бидат поддржани и онлајн и офлајн пораки.
Уште не се познати многу детали, но се очекува 5G пораките да направат целосна револуција во технолошката комуникација на луѓето.
Извор: B92.net