Најновите гласини кои се однесуваат на Nokia 9.3 PureView телефонот сугерираат дека уредот ќе има стапка на освежување на екранот од 120Hz. Не е познато дали дисплејот ќе биде LCD или OLED, но постојат гласини за сензор за отпечатоци од прсти во екранот, па веројатно се работи за OLED панел.
Според протечените информации, Nokia 9.3 PureView ќе имплементира и поконвензионален камера систем, кој го предводи 108 MP сензор креиран од Samsung. Би можел да биде додаден и 64MP сензор, можеми како зум опција.
Извештаите сугерираат дека HMD експериментирал со 24MP, 20MP и 48MP сензори за Nokia 9.3 PureView, пред да се одлучи за 108MP.
Се очекува дека телефонот би можел да биде преставен во август или септември, откако веќе беше одложуван неколку пари. Исто така, се верува дека наместо со оригинално планирниот Snapdragon 855 чипсет, Nokia 9.3 PureView веднаш ќе пристигне со Snapdragon 865 и дека тоа е една од причините за одложување на објавата на телефонот.
Поврзани артикли