Apple го претстави првиот Apple Watch во 2015. година, но неколку години претходно експериментираше со различни дизајни. Тоа е стандардна процедура, бидејќи секој нов уред на Apple има барем неколку неуспешни (или попрецизно, неприфатени) варијанти. Интересно е дека сега во јавноста се појавија некои оригинални прототипи на отфрлените варијанти Apple Watch.
Колекционерот на прототипи Џулио Зомпети објави фотографии од неколку прототипи на Apple Watch. Иако изгледаат слично како првиот официјален Apple Watch, на секој од нив се гледаат некои единствени разлики во дизајнот и локациите на сензорите. Зомпети нагласува дека успеал да ги набави прототипите во компанија која се занимава со собирање на електронски отпад. Сите примероци се оштетени, но клучните компоненти се сочувани. Поради тоа, овој колекционер да ги реставрира овие паметни часовници и потоа да ги продаде (за големи пари).
Некои од часовниците имаат единствено лого, кое се појавуваше и на прототипите на некои iPhone модели. Исто така, на нив се наоѓаат QR кодови и сериски броеви кои се слични како на другите прототипи на Apple. Сето тоа укажува дека се работи за автентични примероци.
Поврзани артикли