Откритието на оваа мутација „укажува на тоа дека моменталниот развој на вакцина би можел да стане бескорисен“.
Научниците велат дека ги откриле првите докази за „значајната“ мутација на коронавирусот која што може да доведе до тоа што досегашните чекори кон вакцината би можеле да станат ‘бескорисни’, наведуваат научниците во истражувањето.
Истражувачите, кои што го изолирале видот на вирусот од примероците собрани во Индија, во јануари, покажуваат дека мутацијата прави вирусот помалку да може да се поврзе со рецепторот во човечките ќелии наречен ACE2, ензим кој што се наоѓа во белите дробови.
Откритието на оваа мутација ‘укажува на тоа дека моменталниот развој на вакцината може да стане бескорисен во иднина во текот на пандемијата доколку бидат идентификувани повеќе мутации’, изјавиле научниците.
Истражувањето кое што било објавено во саботата на „biorkiv.org“, се уште не е рецензирано. Меѓутоа, тимот кој што го водел Националниот универзитет за образование во Чангху во Тајван во соработна со Универзитетот Мурдок во Австралија – додал дека SARS-CoV-2, вирусот кој што го предизвикува Ковид-19, има низок степен на мутација.
„Потврдивме дека SARS-CoV-2 има релативно низок степен на мутација, но исто така докажавме дека веќе се појавија нови мутации и имунолошки карактеристики“ – изјавиле тие.
„Се очекуваат мали мутации со било кој вирус. Очигледно дека настанатата мутација која што се спомнува во ова истражување, ја намалува врската со ACE2, што значи помала вируленција што потенцијално може да значи и помала способност за инфекција. Но, бидејќи ова е изолиран извештај, тоа не значи дека обидите за вакцинација се попусти“ – додале тие.
Извор: Espreso.rs