Основните симптоми на коронавирусот се висока телесна температура и сува, упорна кашлица, пренесува “Express”.
Сепак, можете да бидете во ризик од Ковид-19 доколку развиете и симптом на болка во грлото.
“Болното грло е еден од раните, благи симптоми на коронавирусот”, предупредува главната докторка Катрина Херен од клиниката „DoctorLink“.
Иако болното грло е многу чест симптом на настинка и обично нема причина за грижа, некои пациенти позитивни на коронавирус ја пријавиле болката во грлото како симптом на инфекција.
Доколку одненадеж развиете симптом на болно грло, најдобро е да се изолирате 14 дена за да спречите можност од ширење на инфекција на другите.
Сепак, воспаленото грло има поширок спектар на симптоми од самото чувство на болка. Црвенилото во грлото, лошиот здив и отечените вратни жлезди можат да бидат пропратни симптоми на болно грло.
Како и останатите благи симптоми на коронавирусот, така и болките во грлото не се самостојни, па затоа е важно да не паничите доколку чувствувате само болки во грлото.
“Вообичаените симптоми на коронавирусот се слабост, висока телесна температура, кашлица, краток здив, главоболка па и болно грло”, вели д-р Херен и истакнува дека овие симптоми обично одат заедно, а не самостојно.