Трендот за производство и користење на се помали чипови наидува се се повеќе пречки, вклучувајќи ги и самите ограничувања на силициумот – додека оптичките врски овозможуваат погусти, побрзи процесори, елиминирајќи ги топлотните и енергетските проблеми, силициумот е лош во емитувањето светлина. Или подобро речено, беше лош.
Истражувачите од Технолошкиот универзитет во Ајндховен ја развија првата легура на силициум, која може да емитува светлина. Изумот е мешавина на силициум и германиум во хексагонската структура, која овозможува слот во облик на лента (и така емитува светлина).
Научниците со ова се занимаваат околу 50 години, истакнаа од универзитетот, а тимот го создал хексагонскиот силициум уште во 2015. година. Меѓутоа, досега не можеле да го добијат резултатот да емитува светлина, кога го намалија бројот на нечистотии и недостатоци.
Тимот се уште мора да произведе ласер пред да ја создаде технологијата, која би можела да се користи во чиповите, а останаа и доста ситници пред да ја видиме во преносната електроника. Сепак, овој ласер се очекува во текот на 2020. година, а ова досега беше и најголемата пречка за развојот. Од сега, главниот предизвик е технологијата да се направи практична.
Техничките детали за ова откритие може да ги прочитате на официјалната страница на Универзитетот за Технологија во Ајндховен.