Google потврди дека ќе користи Play Services за во Android телефоните да имплементира нова технологија за следење на контактите на оние кои се заразени со коронавирус.
Оваа технологија Google и Apple ја креираа заедно, а преку ажурирање автоматски ќе стане достапна за сите кои имаат Android 6.0 или понов оперативен систем.
Веќе долго време се зборува за тоа, но немаше официјална потврда – сепак, Google ја прифатил улогата за „внесување“ на технологија за следење во сите Android уреди. Се очекува ова да биде направено во две етапи. Првата ќе биде преку ажурирање во наредните 30-тина дена, а втората неколку месеци подоцна.
Меѓутоа, постојат одреден број на Android уреди кои не користат „Google Play Services“, а меѓу нив се кинеските Android телефони, како и сите телефони на Huawei произведени по забраната, пишува The Verge.
Во такви случаи, решението на проблемот изгледа малку поинаку. Google планира да објави Framework кој тие компании би можеле да го искористат за копирање на оваа технологија за следење која ја направиле Apple и Google.
Ipa, Huawei, Xiaomi и останатите кинески компании ќе го имаат последниот збор за тоа дали сакаат да го внесат овој систем во телефоните на корисниците.
Извор: B92.net