На викендот од 24-ти до 26-ти април ќе се одржи првиот Online Startap Weekend Skopje – Covid-19 edition. Македонија е една од 60-те земји ширум светот кои и се придружија на глобалната иницијатива на Techstars, кои сакат да го поттикнат развивањето на бизнис идеи кои ќе помогнат со справување со негативните последици на вирусот Covid-19.
Како и секој друг Startup Weekend, овој натпревар ќе се одвива за време на викендот 24-26 април, но сите активности, од работа во тим, до менторски сесии, и презентирање на идеите, ќе се одвиваат исклучиво online. За да ги одговори сите прашања поврзани со настанот, и како можете и вие да бидете дел од него, разговаравме со Ивона Забазновска, дел од организацискиот тим од Solveo кои доброволно и оваа година го организираат Startup Weekend Skopje – овој пат online и на национално ниво.
За кого е наменет овој настан и како можат да се приклучат тие што сакаат да учествуваат?
Startup Weekend Skopje Online – Covid 19 е наменет за сите креативци, маркетери, претпремачи, дизајнери, инженери, програмери, студенти и ентузијасти кои сакаат да развијат бизнис идеја како да се намали негативното влијание на Covid-19 на општеството и на бизнис заедницата. Учествотото е бесплатно, но секој кој сака може да направи донација преку платформата Eventbrite, каде и што се пријавуваат учесниците.
На настанот може да учестуваат сите од С. Македонија кои имаат пристап до лаптоп или компјутер и интернет конекција, и сакаат да прават нешто забавно и продуктивно, притоа развивајќи бизнис за само 54 часа, кој ќе допринесе за подобрување на моменталната ситуација.
Без разлика дали имате идеја или не, дали веќе имате тим, или не, можете да бидете дел од настанот пријавувајќи се според следниве чекори:
– Доколку имате идеја, пополнете јаапликацијата за пријавување, И овааформа за вашата идеја.
– Ако сакате да се пријавите со тим, сите членови мора да ја пополнат апликацијата за пријавување.
Апликацијата ќе биде отворена до 22-ри април, а бројот на учесници е неограничен!
Со какви идеи можат да се пријават учесниците?
Сите бизнис идеи кои ќе го намалат негативното влијание на Covid-19 и се однесуваат на некоја од следниве области се добредојдени на настанот: Здравје, Ранливо население, Бизнис, Заедница, Образование и Забава.
Најпрво, по затворање на апликацијата за учесници и апликацијата за идеи на 22-ри април, тимот на Startup Weekend Skopje ќе ги избере најдобрите идеи, на кои ќе се работи за време на викендот. Истите ќе бидат објавени на платформата Discord и Facebook страната на Startup Weekend Skopje најдоцна до 16 часот во четврток, на 23-ти април.
Потоа, сите пријавени ќе формираат тимови околу избраните идеи на платформата Discord, каде каде ќе се одвиваат и скоро активности за време настанот. Тимовите треба да бидат формирани најдоцна до 12 часот во петок, додека самиот настан ќе започне во 18 часот со краток kick-off вебинар.
Секако, нашиот тим ќе им биде достапен на сите учесници за било какви прашања и евентуални технички проблеми пред и за време на самиот настан, со цел сѐда се одвива како подмачкано.
Сите активности на Online Startup Weekend Skopje – Covid-19 ќе се одвиваат на платформата Discord, апликацијата за видео конференции Zoom, и Youtube Live. Користењето на сите овие алатки е бесплатно за учесниците.
Како што спомнав, самиот настан ќе започне во петок во 18 часот со кратот вебинар кој ќе трае околу половина час. Веднаш по завршувањето на краткиот говор, тимовите ќе започнат да работат на нивните идеи со помош на алатки кои ќе ги добијат од страна на организацискиот тим.
Во сабота работата продолжува во 9:30 наутро, додека менторските сесии ќе започнат во 14 часот попладне. После менторските сесии тимовите ќе продолжат да работат на своите идеи до крајот на денот.
Во недела, денот кога ќе бидат презентирани идеите, секој тим треба да достави кратко видео каде ја презентира својата идеја најдоцна до 14 часот напладне. Потоа, најдобрите презентации ќе се презентираат во живo во 17 часот и судиите ќе ги изберат победниците.
Како ќе се презентираат финалните решенија и како ќе се избере победникот?
Откако секој тим ќе достави кратко видео каде го презентира своето решение судиите ќе ги изберат најдобрите презентации и тие тимови ќе продолжат во следниот круг, каде во 17 часот, избраните идеи ќе се презентираат на YouТube Livе. Судиите ќе ги изберат најдобрите 3 тима, а решението кое ќе добие прво место, ќе влезе во петесниот круг на Techstars со можност да биде дел од нивниот интернационален Bootcamp.
Победниците ќе добијат вредни награди, но сите учесници ќе добијат дигитален сертификат за учество, и ќе се збогатат со многу знаења, контакти, и воедно, ќе бидат дел од искуство за паметње.
Како ќе се одвиваат менторските сесии?
Менторските сесии ќе се одвиваат во сабота, со тоа што секој тим ќе може да избере со кои од менторите има потреба да се сретне, и тие средби ќе се случат преку видео на Zoom. Менторите се клучен дел од секој Startup Weekend затоа што им помагаат на тимовите да развијат поуспешни и покорисни бизнис идеи.
Зошто тимот на Солвео одлучи да учествува во иницијативата на Techstars?
Сметаме дека особено во моменти кога ситe се справуваме со предизвици, најголемата моќ која ја имаме е тоа заеднички да најдеме начин да ја подобриме ситуацијата. Затоа што во случајов не е препорачливо да бидеме во физички контакт, идеалното решение е да се организира ваков настан дигитално.
На овој начин ги претвораме пречките во можности, и ги каниме сите кои сакаат да бидат дел од овој настан да се пријават без разлика на тоа дали имаат идеја или не.
Кликнете тука за да се пријавите, и тука за да ја пријавите вашата идеја, и следете не на Facebook или Instagram за да бидете во тек со сите нови информации за настанот.
Поврзани артикли