И покрај големите промени што ги вети Microsoft, корисниците на Windows 10 сè уште имаат проблеми со новите ажурирања, што дополнително влијае на нервозата која се создава веќе некое време.
Се работи за ажурирањето KB4541335, за кое корисниците тврдат дека „уништува компјутери.“ Така оние најранливи корисници кои се најмногу загрозени гледаат „син екран на смртта“ и имаат проблеми со повторно рестартирање на компјутерите откако ќе се инсталира ново ажурирање. Други пак ги потенцираат проблемите со перформансите на погодените уреди, а поради тоа новото ажурирање зазема и до 95 проценти од меморијата.
Единствената добра вест е дека KB4541335 е незадолжително ажурирање, така да може да се избегне, а оние кои веќе го преземале може да се ослободат ако одат на Start Menu > Settings > Update & Security > View update history > Uninstall update, и да го пронајдат KB4541335 и со двоен клик да ја отворат опцијата за деинсталирање.
Извор: PC Press.rs
Поврзани артикли