Следниот премиум смартфон на компанијата Apple би можел да изгледа повеќе како iPhone 5, отколку како актуелниот iPhone 11 Pro, според наводите на Bloomberg. Претстојниот уред наводно ќе има рамни челични рабови наместо заоблени, а дисплејот ќе биде рамен во однос на куќиштето. Со други зборови, доста ќе потсетува на актуелниот iPad Pro, но со помали рамки и помали вкупни димензии.
Најновиот извештај се поклопува со претходните вести за тоа дека iPhone 2020 ќе изгледа како iPhone 4, кој има задна страна стакло, но и покрај тоа е многу сличен и на iPhone 5 моделот.
Се сугерира дека следните iPhone Pro модели ќе имаат три камери на задната страна, додека послабите модели ќе имаат по две камери. Apple планира да го претстави и 3D LIDAR системот од iPad Pro, кој сега ќе биде имплементиран во премиум iPhone моделите, за да се подобрат AR апликациите.
Најголемиот iPhone Pro модел ќе има 6,7-инчен екран, а Bloomberg наведува дека годинашните iPhone Pro модели ќе пристигнат и со намален засек во дисплејот, во кој ќе бидат сместени предната камера и сензорите за Face ID.
Поврзани артикли