Бидејќи милиони луѓе се во домашен или болнички карантин, стриминг платформата „Епл ТВ плус“ (Apple TV+) реши некои од своите емисии и серии да ги емитува бесплатно на ограничено време.
Програмата за бесплатно гледање на „Епл ТВ плус“ – конкурент на „Нетфликс“ и „Амазон Прајм“ – вклучува голем број на драми, емисии за деца и еден филм.
А на списокот се: The Elephant Queen – докуменатрен филм за слоновите, For All Mankind – научно-фантастична драма за вселенската трка, Little America – серија за емигрантскиот живот во Америка, America Servant – психолошка драма, Helpsters – серија комедии, Ghostwriter – емисија за деца и Snoopy in Space („Снупи во вселената“) – анимиран филм со омилениот бигл Снупи.