Научниците не ја исклучуваат можноста пандемијата да може да тргне по патот на самоуништувањето, кога бројот на излечени пациенти ќе почне пoвеќекратно да го надминува бројот на новозаболени пациенти.
Коронавирусот е осуден на пропаст, а крајот на светот нема да дојде, пандемијата коронавирус можеби ќе заврши сама по себе уште пред да се појави првата ефикасна вакцина, изјавила докторката на биолошки науки и професорка во Универзитетот за системска биологија, Анча Баранова.
Баранова живее во САД – епицентарот на пандемијата, а неодамна ја напишала и книгата „Вирус корона. Упатство за преживување“, во која ја опишала историјата на настанувањето на коронавирусот и дала проценка кога светската наука ќе биде во состојба да ја преброди оваа болест.
„Сметам дека вакцината против коронавирусот ќе се појави за една година, година и пол. Тоа е долг период и потребно е да издржиме до тогаш. Пред оваа, постоеја и други епидемии на корона вирус инфекција, чии последици беа пострашни. Тогаш докторите оперативно разработија и доволно проучија многу видови на овој вирус во смисла на развојот на вакцина. Лекот не е пуштен во производство само затоа што активноста на вирусите исчезна“ – потсетила Баранова.
Научниците не ја исклучуваат можноста и овојпат пандемијата да тргне по тој пат на самоуништување.
„Во врска со тоа постојат два заклучоци – не постои суштинска препрека за правење вакцина против вирусот корона, дури и самиот вирус може да исчезне без вакцина. Тоа е факт кој на сите им е познат и никаков крај на светот нема да се случи“ – тврди Баранова.
Според нејзиното мислење, пандемијата била на сериозен тест на стабилност во многу научни институти, но секогаш се одложувала поради одредени причини. Таа додала дека најдобрите научници на светот трагаат по лек.
„Моментално немаме само еден кандидат кога станува збор за вакцина, туку над 100 проекти кои што се покренати ширум земјите. Само во САД има 10-на. Во некои земји веќе постојат проекти во кои може да се провери ефикасност на некоја вакцина, затоа што нејзината безбедност е веќе проверена“ – изјавила професорката.