Истражувачите од Универзитетот Сан Диего пронашле начин да печатат 3D флексибилни роботи налик на инсекти многу евтино, брзо и без егзотична опрема. Трикот е во печатење на „флексоскелетони“ или робусни материјали на флексибилни пологи или површини од поликарбонат. Како инсектите, овие роботи имаат делови каде им е засилена ригидноста на специфичните делови – во однос на „soft роботите“, кои често имаат меки делови со силното тело.
На секоја компонента од флексоскелетонот и е потребно да се испечати околу 10 минути, а во целост да се состави потребни се околу два часа. Поединечните делови чинат помалку од долар, најскапи се процесорската сила, батеријата и сензорите. Ова првобитно ќе им помогне на истражувачите да ги направат роботите брзо и лесно, но крајна цел е масовно да се произведуваат без вмешување на човекот.
Се очекува дека голем број од тие роботи ќе можат да ги извршуваат задачите како големите роботи, но дека во секој смисол ќе чинат далеку помалку и дека ќе бидат потребни помалку пари и за нивно креирање и одржување.
Поврзани артикли