Јужнокорејските власти размислуваат за употреба на електронски нараквици за да следат се поголем број на луѓе ставени во самоизолација поради успорување на ширењето на коронавирусот.
Официјалниот претставник на Министерството за здравство, Јун Тае-хо изјави дека таквите уреди се меѓу неколкуте мерки за кои се размислува во потрага за практични и ефикасни начини за следење на луѓе изолирани во домовите и објектите.
Јун призна дека електронските нараквици ќе предизвикаат прашања за приватноста и не дал конкретен одговор кога го прашале колку е веројатно владата да нареди нивна примена.
Бројот на лица ставени во карантин значително порасна од минатата недела од кога Јужна Кореја почна да применува двонеделен карантин за сите патници кои доаѓаат од странство за да го запрат порастот на увезени инфекции.
Луѓето во карантин се обврзани да преземат апликација која ги предупредува властите ако ги напуштат домовите или местото на живеење, но тие апликации не се доволни кога луѓето се искрадуваат и ги оставаат паметните телефони или ја исклучуваат функцијата за локација.
Извор: B92.net
Поврзани артикли