Сите нови модели кои на јапонскиот пазар по 1 април 2020 година стандардно треба да ја поседуваат оваа технологија.
Благодарение на оваа опција, возачите во Јапонија повеќе нема да можат да ги исклучуваат предните светла ноќе, што е вообичаена практика во таа земја кога чекаат на семафор за да не им сметаат на другите возачи. Проблемот е што некои од нив забораваат повторно да ги вклучат, што ги загрозува пешаците и велосипедистите во ноќни услови.
Новата регулатива е во согласност со Регулативата 48 на ООН, во која се вели дека предните светла мора да се вклучат автоматски во рок од две секунди кога природната дневна светлина ќе се намали под 1.000 лукса – што во пракса е 15 минути пред зајдисонце во денови со ведро небо.
Од друга страна, тие автоматски ќе се исклучат кога амбиенталното светло ќе се искачи над 7.000 лукса, што во светот е признато како доволно за безбедно возење.
Според студија на Јапонската автомобилска федерација, од август 2014 година до денес, 30 проценти од сите автомобили во Јапонија се опремени со автоматски светла.
Овие системи им овозможуваат на возачите да ги исклучуваат кога сакаат, но според новите упатства, тие ќе можат фаровите мануелно да ги контролираат само при дневна светлина.
Како што веќе наведовме, сите нови модели кои се појавуваат на јапонскиот пазар по 1 април 2020 година треба да бидат опремени со оваа технологија како стандард, додека моделите кои се веќе на пазарот нема да можат да се продаваат без оваа технологија од октомври 2021 година.