Доктор Бранимир Несторовиќ открил зошто оние пациенти кои што се приклучени на респиратори имаат 40 отсто шанси за доживотно оштетување на белите дробови.
„Доколку станува збор за пациенти кои што имаат воспаление на белите дробови и на кои што им е потребна механичка вентилација, тогаш не посоти ризик дека ќе имаат оштетувања. Но, оние кои што биле на респиратори подолго време и развиле акутен респираторен дистрес синдром, можат да имаат оштетување на белите дробови подоцна и тоа во висок процент – речиси 40 отсто од нив ќе имаат оштетувања“.
Тој потоа објаснил што значи најопасната, трета фаза на болеста Ковид-19.
„Само 5 отсто од заболените ќе преминат во третата фаза, односно ќе добијат акутен респираторен дистерс синтром, т.е. целосно уништени бели дробови. Тоа значи дека имаат огромна количина течност поради која не можат да вдишат кислород, а да исфрлат јаглерод-диоксид. Тука се појавува сличност како и кај САРС, односно фактот дека кај одредени пациенти состојбата може да се влоши за неколку часа“.
Тој вели дека луѓето често го мешаат воспалението на белите дробови со АРДС, а тоа нема никаква врска едно со друго.
„АРДС е всушност цитокинско невреме, односно прекумерна реакција на организмот. И кај грипот луѓето умираат од АРДС, а тој се појавува и кај другите болести. Белите дробови се преплавени со течност, човекот се гуши, а без респиратор умира“ – заклучил тој.
Извор: Republika.rs