Во овие моменти многу организации и компании се борат да додадат нови функционалности во своите апликации. Помеѓу нив е и Facebook, кој донесува нова можност за исполнување на објективната потреба за пауза од социјалните мрежи и разните известувања кои пристигнуваат од нив.
Поради тоа, компанијата додаде нов „Quiet Mode” режим на работа, која во суштина претставува тајмер, ви текот на чие траење Facebook апликацијата ќе се воздржува од испраќање нотификации до корисниците. Корисникот ќе може да ја подеси временската рамка во текот на која тајмерот ќе биде активен, и во тој период корисникот нема да добива нови известувања.
Секако, можно е да се покрене самата апликација, додека е активен Quiet Mode, но корисникот дури и тогаш најпрвин ќе добие потсетник дека е активен Quiet Mode, со можност дополнително да го подеси или (де)активира. Засега новите опции ги нема на Android уредите, односно Facebook веројатно одлучи најпрвин да им ги понуди на сопствениците на iOS уредите на Apple.