Апликацијата Payments MuchBetter ги здружи силите со швајцарскиот Winwatch за да лансира аналоген часовник кој овозможува бесконтактно плаќање благодарение на површината направена од „паметно стакло“.
Часовникот, кој е прв во светот, користи STISS стакло за плаќање, супер силно сафирно стакло кое има EMV чип и запечатена антена.
Јенс Бадер, ко-основач на MuchBetter, вели: „Луѓето не сакаат да се откажат од својот стручно изработен аналоген часовник во замена за паметен часовник кој би можел да застари за само неколку години“.
– Тоа е причината зошто на пазарот постои толку голем јаз за луѓето кои гледаат корист од додавање на некои паметни функции како што се плаќање со својот сакан аналоген часовник – особено сега додека бесконтактните плаќања не се само многу погодни, туку се и од суштинско значење за јавното здравје.
Извор: Bankar.me