Кога Microsoft го најави својот Surface Neo во октомври минатата година, компанијата вети дека овој уред со два екрана ќе го пласира на пазарот во текот на празничната сезона во 2020. година. Во меѓувреме, се појавија непредвидени околности кои ја одложуваат оваа објава.
Според извештајот, кој го објави Mary Jo Foley, покрај одложувањето на Surface Neo уредот, се очекува дека оваа година нема да видиме ниту еден уред со Windows 10X.
Постојат неколку причини за ова одложување, најочигледна секако е пандемијата на коронавируост, која ја наруши нормалната работа и распоред. Од друга страна, претходните извештаи исто така сугерираа дека Microsoft доцни со развојот на Windows 10X платформата, така што и ова е една од причините на одложувањето.
Уште една од причините би можела да биде и тоа што во план е Windows 10X најпрвин да се испорала за уредите со еден екран, како што се преклопните и конвертибилни модели.
Според извештајот, официјалниот претставник на Microsoft, Панос Панај во интерните кругови истакнал дека Windows 10X нема да биде испорачан во текот на оваа година.
Поврзани артикли