Дали ви делува претерано сумата од 130 долари, колку што беше потребно да се плати за сервисот Stadia на Google. Компанијата соопшти дека за време на пандемијата високо-буџетските наслови на гејминг индустријата кои се достапни на овој сервис станале целосно бесплатни.
Овој потег им овозможува на луѓето од 14 земји приистап до игрите на најголемите програмерски стуција без трошење на стотици долари на хардвер, било на конзоли за играње или моќен компјутер. Со оглед на тоа дека сега Stadia е бесплатна, Google не само што направи добар маркетиншки потег, туку и пробува да го зголеми водството во целот на пазарот што го држи кога се работи за cloud гејминг платформите како Amazon, Microsoft, и Nvidiа, кои имаат свои платформи.
Сепак, засега Cloud гејмингот е само мал дел од гејмерскиот пазар. Играчката индустрија моментно е вредна околу 160 милијарди долари, но се проценува дека cloud гејмингот постепено ќе го презема приматот, и дека во некое време, концептот на играње кој не бара никаков посебен хардвер, туку само квалитетна интернет конекција, ќе преовлада на пазарот. Играчите на ваквите сервиси не зависат од хардверот, и се што им е потребно се глувче, тастатура и/или контролер.
Поврзани артикли