Апликацијата е наречена Tuned и е дизајнирана од делот од компанијата за експериментални апликации – New Product Experimentation.
Оваа апликација ги поттикнува двојките меѓусебно да го споделуваат своето расположение, да разменуваат музика и да креираат дигитален scrapbook. Од Facebook велат дека оваа апликација претставува приватен простор за оние коишто се во љубовна врска.
Tuned е поврзана со апликацијата Spotify за да се споделува музика, а паровите да можат да разменуваат фотографии, пораки, гласовни пораки, а на располагање имаат и стикери и различни опции за искажување емоции.
Апликацијата е бесплатна и оние коишто сакаат да ја користат мора да имаат профил на Facebook, но и да ги почитуваат правилата на оваа социјална мрежа. Тоа значи дека нивните податоци можат да се користат за таргетирање реклами.
Апликацијата не е многу различна во однос на останатите социјални мрежи на кои луѓето директно комуницираат едни со други.
Засега Tuned е достапна само за уредите со оперативниот систем iOS, пишува The Verge.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли