Viber во текот на последните недели забележал раст на бројот на испратени групни пораки за 134 проценти во однос на последната недела од јануари, а бројот на групни повици е зголемен за 370 проценти.
Таа компанија денес соопшти дека е зголемен просечниот број на прегледи на „Заедницата“, за 78 проценти.
Бројот на нови дневни корисници на Viber во март пораснал за 18 проценти, а просечното траење на повикот е 35 проценти подолго.
Во апликацијата се воведени и промени меѓу кои бројот на учесници во групни аудио повици е зголемен од пет на 20 лица истовремено.
Исто така, воведени се и нови стикери „Остани дома“.
Извор: B92.net