Во време кога луѓето повеќе се потпираат на платформите за размена на пораки, WhatsApp воведе нови мерки во настојувањето да го ограничи ширењето на лажни вести.
Доколку примите често проследувана порака, некоја што е форвардирана повеќе од пет пати и обележана со икона со двојна стрелка, ќе можете да ја пренасочите во еден чет истовремено.
Во блог пост, компанијата истакнува дека забелажала „значајно зголемување“ на бројот на проследени пораки на платформата, а иако многу од нив се релативно безбедни, оваа пракса придонесува за ширење на дезинформациите. „Веруваме дека е важно да се забаво ширењето на овие пораки за WhatsApp да остане место за личен разговор“, додава компанијата.
Ова не е прв пат WhatsApp да наметне такви мерки. Откако WhatsApp и матичната компанија Facebook беа обвинети дека играат клучна улога во ширењето дезинформации во Индија 2018. година, WhatsApp го намали бројот на можни пренесувања на пораките од 20 на пет.