Дали дигиталниот живот може да го намали стравот и анксиозноста од COVID-19 особено кога сме ставени во карантин? Несомнено, во овие услови дигиталните алатки ќе ја доживеат својата експанзија и не само поради социјализацијата што ја овозможуваат, туку и поради сите останати погодности кои ги нудат, а се однесуваат на извршување на секојдневните обврски.
Учењето онлајн не е веќе само факултативно туку е секојдневие, како што е и работата на далечина, набавката на сите видови производи, па дури и на најпотребните како што се храната или лековите. Оттука, одговорот на прашањето кое се наметнува во овие вонредни услови е несомнено позитивен.
Потребата да се остане на далечина, а сепак поврзан и без големи нарушувања во извршувањето на секојдневните обврски уште повеќе ги мобилизираше и телекомуникациските провајдери кои од една страна се соочуваат со одржување и обезбедување на стабилни услуги за своите корисници, а од друга страна ја согледуваат и промената во нивните навики.
Во А1 Македонија го потврдуваат трендот на раст на користење на дигиталните канали, за што показател е зголемениот бројот на интеракции преку социјалните мрежи, посетите на веб-продавницата преку која може да се набават телефони со попуст и која нуди бесплатна достава, која нуди активација на тарифи, пакети, и сл., а вртоглаво расте и бројот на активации на електронска сметка преку апликацијата Мојот А1.
По Уредбата на Владата која поради заштита и превентива на граѓаните предвидува засилување на електронското плаќање, од А1 велат дека компанијата продолжува да го афирмира дигиталниот начин на плаќање што може да се изврши од дома, без непотребно излегување надвор, кое е доволно едноставно и разбирливо за да може да го користат сите старосни целни групи.
Со цел полесен пристап до оваа услуга, на располагање на корисниците се видео упатства кои се достапни на сите социјални мрежи, додека преку волонтерите на Црвениот Крст, а со цел поедноставување на овие услуги на повозрасните, се доставуваат и упатства со многу едноставни чекори за користење на оваа дигитална алатка која е особено важна во овие околности кога треба да се зачува социјалната дистанца.
Од самиот почеток на кризата предизвикана од COVID-19 вирусот, А1 Македонија активно се грижи за обезбедување поволности за своите корисници и овозможи бесплатни услуги кои се однесуваа на мобилен интернет и дополнителни ТВ содржини. Во таа насока беше овозможен бесплатен дополнителен пакет со 10GB и дополнителни ТВ содржини.
Поврзани артикли