Компанијата Boeing денеска објави дека привремено ќе го прекине производството на авиони „787“ во нејзините погони во американската држава Јужна Каролина поради пандемијата од корнавирус.
Соопштението доаѓа откако гувернерот на Јужна Каролина издаде наредба во која се бара граѓаните да останат дома освен доколку немаат неопходна потреба за излегување, пренесува „Ројтерс“.
Boeing во неделата на неопределено време ја продолжи мерката за стопирање на производството во погоните во сојузната државата Вашингтон.