Директорот на Apple, Тим Кук објави на Твитер дека компанијата се одлучила на производство и дистрибуција на заштитни визири за медицински лица.
Како што пренесува The Verge, Apple собрал дизајнерите на производи, како и инженери и тимови за пакување и дистрибуција.
Тим Кук ги потврди овие нови информации во видео на Твитер покажувајќи еден од визирите.
Apple is dedicated to supporting the worldwide response to COVID-19. We’ve now sourced over 20M masks through our supply chain. Our design, engineering, operations and packaging teams are also working with suppliers to design, produce and ship face shields for medical workers. pic.twitter.com/3xRqNgMThX
— Tim Cook (@tim_cook) April 5, 2020
Apple исто така собра и повеќе од 20 милиони заштитни маски и е во комуникација со влади на држави за да ги достави таму каде што е потребно.
Зборувајќи за визирите, Кук истакна дека првата испорака е веќе направена минатата недела во болницата Кајзер во долината Санта Клара во САД и дека реакцијата на лекарите била позитивна.
„Во пакетите кои ги праќаме се наоѓаат 100 визири и секој од нив се составува за помалку од две минути и во целост може да се прилагоди. Материјалите за производство ги набавуваме во САД и Кина“, додаде Кук.
Apple планира да испорача повеќе од еден милион визири до крајот на оваа недела и секоја наредна исто така по милион, објави порталот.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли