Intel пред неколку дена го објави својот нов 45W процесор од 10. генерација, наменете за гејминг лаптопи, мобилни работни станици и други уреди. Голем број на производители најавуваат нови лаптопи со овие процесори, а меѓу нив е и Acer. Тајванската компанија ги најави новите Predator Triton 500 и Nitro 5 преносни компјутери.
Двата модела сега пристигнуваат со новите Comet Lake H чипови на Intel. Predator Triton 500 нуди шестојадрени Core i7-10750H модел и Nvidia GeForce RTX 2080 графика. Лаптопот исто така има дисплеј со освежување од 300Hz и одзив од 3ms. Се е сместено во куќиште со дебелина од 17,9 милиметри, а достапна е до 32GB DDR4 RAM меморија и 2TB NVMe RAID 0 SSD простор за складирање.
Acer Nitro 5 е наменет за лежерен гејминг, а има опции до 45W Core i7 процесори и GeForce RTX 2060 графички картички. Лаптопот пристигнува со 15.6-inčni FHD дисплеј со стапка на освежување на дисплејот од 144Hz.
Acer Predator Triton 500 пристигнува во Европа од мај, по почетна цена од 1899 евра, додека Nitro 5, исто така, од мај ќе биде достапен по цена од 899 евра.