Германија се надева дека ќе почне со примена на апликација за паметни телефони во следните неколку недели за да помогне во откривање на инфекции на коронавирусот, откако се појави широко распространет политички консензус дека усвојувањето на моделот што го започна Сингапур може да биде ефикасен без да се наруши приватноста на луѓето.
Германците имаат длабоки сомнежи во врска со дигиталниот надзор, а користењето на податоците за локацијата на индивидуалните паметни телефони за следење на ширењето на пандемијата би било нелегално според националните и ЕУ законите за приватност, јавија локални медиуми.
Итна расправа, сепак, доведе до договор во рамките на страните што се согласија дека би било корисно и прифатливо да се следи „ракувањето“ помеѓу паметните телефони од непосредна близина преку Bluetooth.
Тоа би личело на апликацијата Trace Tоgether во Сингапур, која ја запишува неодамнешната историја на ваквите контакти на уредот. Ако сопственикот на паметен телефон е позитивен на тестот Ковид-19, податоците може да се преземат за да може екипите за контакт брзо да контактираат со другите во опасност.
„Убедени сме дека ќе можеме да го објавиме решението во наредните неколку недели“, соопшти Институтот за телекомуникации Фраунхофер.
Тоа еден од германските институти за применето истражување. Додаваат дека соработуваат со други ширум Европа за да развијат апликација што ќе овозможи близината и времетраење на контакти меѓу луѓето да се чуваат две недели на мобилни телефони анонимно и без користење на податоци за локација.
Поврзани артикли