Huawei во февруари го претстави Nova 7i смартфонот, а компанијата речиси е подготвена за објава на уште неколку модели од Nova 7 семејството.
Според новите гласини кои пристигнуваат од Кина, компанијата на 23. април ќе ги претстави Nova 7, Nova 7 Pro и Nova 7 SE паметните телефони. Според овие информации, споменатите модели ќе се најдат во продажба од 28. април.
Трите модели ќе користат HiSilicon чипсети, а ќе бидат достапни со два чипа (Kirin 985 и Kirin 990 5G) или со три чипсети – Kirin 820, 985 и 990 5G.
Тоа значи дека Nova 7 SE би можел да го користи Kirin 820 (со оглед на тоа дека неговиот претходник користеше Kirin 810), стандардниот Nova 7 би работел на Kirin 985, додека за Pro моделот се очекува Kirin 990 5G чипсет.
Во овој момент, се работи само за гласини, па споменатите информации е потребно да се земат со доза на резерва.
Поврзани артикли