По неколку најави, Motorola официјално го претстави својот паметен телефон Moto G8 Power Lite, кој доста личи на основниот Moto G8 Power модел, но според некои карактеристики се позиционира во нешто пониската класа.
Се работи за мобилен уред со 6,5-инчен HD+ екран со waterdrop notch, MediaTek Helio P35 чипсет, 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија проширлива со microSD картички.
Во споменатиот засек се наоѓа 8-мегапикселна селфи камера, додека од задната страна се наоѓа тројна камера, која се базира на главниот 16-мегапикселен сензор со отвор на бленда f/2.1, 2-мегапикселен широкоаголен сензор со отвор на бленда f/2.4 и 2-мегапикселна макро камера со отвор на блендата f/2.4.
Како и основниот Power модел, Lite верзијата се истакнува по автономијата, која во овој случај се темели на батерија со капацитет од 5000 mAh и поддршка за брзо полнење од 10 W. Оперативниот систем е стариот Android 9.0 Pie, а тука е и 3,5-милиметарскиот приклучок за слушалки, поддршка за Bluetooth 4.2, Wi-Fi (802.11n) и сензор за отпечатоци од прсти (недостасува NFC).
Moto G8 Power Lite ќе се продава по цена од околу 190 евра, а на пазарот се очекува во следните недели.